Пристигна сезоната на празници, а во Хонг Конг е забележан несекојдневен настан за кој се уште нема официјално објаснување.
Вчера попладне во сиромашна област Шам Шуи По во Хонг Конг од небото почнале да паѓаат банкноти од по 100 хонконгшки долари (малку повеќе од 11 евра), а изненадените и весели граѓани почнале да ги собираат парите. Некои се качиле и на покривите за да соберат што е можно повеќе пари.
Меѓутоа, набрзо пристигнала полиција на улицата Фук Ва и им ја расипала забавата на луѓето оти побарала да ги вратат парите што ги земале, а се работи за вкупно 566 евра. Нема да има истрага, ниту потрага по оној кому му припаѓаат парите.
香港到處都有驚喜 #深水埗 pic.twitter.com/9JGjWIHvOe
— 丹尼 Carter [ig: 852hk] ? (@cwbHK) December 15, 2018
Пред „дождот” на пари, еден човек го најавил настанот преку Фејсбук.
-Дали некој верува дека парите можат да паднат од небото, напишал тој, меѓу другото, по што парите почнале да паѓаат на земја.
Во описот на видеото е наведено дека добродетелот е „суперхерој” кој „ги ограбил богатите за да им помогне на сиромашните”.
Се верува дека човекот е сопственик на компанија која ја промовира трговија на дигитални работи преку Интернет.