Меланија Трамп (48) блесна синоќа на Конгресниот бал, кој таа и американскиот претседател Доналд Трамп го организираа во Белата куќа. Иако на подиумот им се придружија, Иванка Трамп и Карен Пенс,со сопрузите, Меланија ги засени двете дами, во долг бел фустан со шљокици.

Нејзината  пуштена коса, и високата ролка на фустанот на модната куќа „Celine” и дадоа лежерен, а сепак софистициран изглед. Првата дама на Америка делуваше весело и расположено, додека заедно со Трамп, ги поздравуваа гостите.

Нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, во таа прилика ја нарече Белата куќа „среќно место”.

– Тоа беа неверојатни и многу, многу посебни две години. Ниту една администрација не направила повеќе во првите две години, како оваа нашата. Има уште многу да направиме и ова ќе биде многу возбудлива недела, како што верувам дека следните две години ќе бидат многу возбудливи. Интересни работи се случија во изминатите 24 часа – рече тој.

Пораката на Трмап се однесуваше за прогласувањето за неуставен на Законот за пристапна грижа во петокот, што е чекор напред кон укинување на Обамакер.

– Ако републиканците и демократите се обединат, можеме да излеземе со одлична програма за здравствена заштита, како што требаше да биде од првиот ден. И тоа ќе се случи – убеден е Трамп.