Затвореник од Албанија кој во затворот Идризово издржува доживотна казна ноќеска се обидел да избега, но бил фатен од затворската полиција. Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановски за ТВ 24 вели дека имало обид, но не и бегство од затворот.

Според нашите информации, затвореникот успеал да исече решетка од затворската соба во која бил, во т.н осмо крило и стигнал до покривот, објавува ТВ 24.