Станува збор за Водолијата! Таа е независна жена, а секој обид да ја задржите или ограничите е провокација за бегство. Би требало да биде слободна. Независноста не е само нејзина желба, туку и нејзина добрина и среќа. Нејзината студена надворешност сокрива пријателско срце кое ќе се обиде да им помогне на своите пријатели на сите можни начини. Таа сака кога луѓето се среќни и радосни и секогаш се обидува да направи другите да се чувствуваат добро.
Не очекува ништо за возврат. Единствено нешто што ѝ е важно е никој да не се обидува да ја ограничи нејзината слобода, за да може да живее без никакви обврски. Едноставно, дозволете ѝ да биде слободна.
Водолијата сака да направи нешто корисно во животот. Комуникацијата со луѓето може да ѝ помогне да стане успешен политичар, социјален работник или психолог. Таа е прогресивен мислител и често влијае врз создавањето нови идеи и теории. Водолијата постојано бара мудрост.
Таа секогаш ќе каже што мисли и ја кажува вистината. Таа е прилично објективна и не дозволува емоциите да ѝ го заматат умот. Понекогаш може да биде шокантно и болно за другите да ја слушнат вистината, но Водолијата без оглед на тоа ќе ја каже.
Таа е визионерски знак, нескротлив и интелектуално независен. Водолијата секогаш го следи својот пат. Бара интелектуална стимулација и постојано открива нешто ново и формира нови мислења.
Жените родени во знакот Водолија се полни со парадокси. Ги интересираат сосема спротивни работи – сакаат да бидат сами, но сакаат да бидат и во големо друштво.