Партијата на претседателот на Малдиви, Мохамед Муицу, победи на вчерашните парламентарни избори, покажуваат прелиминарните резултати објавени денеска, јави ДПА.
Народниот национален конгрес (PNC) на Муицу освои повеќе од 60 од 93 места во парламентот, соопшти Изборната комисија на оваа островска држава.
Муицу, кој беше избран за претседател во октомври, сака да го намали влијанието на Њу Делхи во корист на поголема улога на Пекинг, додава германската агенција.
Малдиви традиционално повеќе потпаѓаат во сферата на индиско влијание, иако Кина се повеќе бара пристап до стратешки важниот архипелаг на Индискиот Океан.
Составени од 1.192 острови што се протегаат на околу 871 километар, Малдиви се популарна туристичка дестинација. Се смета за една од земјите најранливи на покачување на нивото на морето предизвикано од климатската криза.
фото:МИА архива