Сепаратистичките лидери во источниот украински регион Доњецк соопштија дека ја откажале својата воена мобилизација, пренесе ДПА.
Потребниот број области се окупирани, изјави денеска на руската државна телевизија лидерот на самопрогласената народна република Денис Пушилин.
– Тоа беше целта на повикот за борба. Со поддршка на руските сили, бунтовниците во Доњецк и Луганск ја зазедоа територијата контролирана од украинските сили во последните денови, рече тој и додаде дека сега е време да се фокусираат на „хуманитарната компонента“.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела ги призна двата отцепени региони на источна Украина како независни пред да започне целосна инвазија на земјата.