Тибетскиот лидер во егзил Далај Лама изрази тага поради руската инвазија на Украина од страна и рече дека се моли мирот „брзо да се врати во Украина“.

Во изјавата објавена денеска на социјалните мрежи рече: „Длабоко сум тажен поради конфликтот во Украина.

„Нашиот свет стана толку меѓузависен што насилниот конфликт меѓу две земји неизбежно влијае на остатокот од светот. Војната е застарена – ненасилството е единствениот начин. Треба да развиеме чувство за единството на човештвото сметајќи ги другите човечки суштества за браќа и сестри. Така ќе изградиме помирен свет, вели Далај Лама.

„Проблемите и несогласувањата најдобро се решаваат со дијалог. Вистинскиот мир доаѓа преку меѓусебно разбирање и почитување на благосостојбата на едни со други. Не смееме да губиме надеж. 20 век беше век на војни и крвопролевање. 21 век мора да биде век на дијалог.
Се молам мирот брзо да се врати во Украина“, посочи Далај Лама во објавата на Фејсбук.