Др. Вилијам Лејн Керг објаснува зошто се вели дека Исус воскреснал на третиот ден, а од друга страна бил погребан во петок пред да настапи ноќта, а празниот гроб бил откриен во недела в зори. Зар не е логично дека не може да се смета дека станува збор за три дена, туку евентуално за ден и половина.
Исто така, во Евангелието по Матеј (12:40) Исус вели: Како што Јон беше во стомакот на китот три дена и три ноќи, така и синот човеков ќе биде во срцето н земјата три дена и три ноќи.
Но според евангелијата, Исус бил во гроб еден цел ден, две ноќи и по еден дел од двата дена (петок и недела). Зар не е тоа пример дека Исус не ги исполнил дури ни сопствените зборови?
Др Вилијам Крег за ова истакнува:
„Некои христијани го користеле овој стих од Матеј за да кажат дека Исус бил погубен во среда, а не во петок. Но на мнозинството научници им е јасно дека според сфаќањето на времето на старите Евреи, било кој дел од денот се сметал за цел ден. Исус бил во гробот во петок попладне, цела сабота и во недела наутро. Според начинот на кој Евреите тогаш го сфаќале времето, тоа би се сметало за три дена. Ова е пример како некои несогласувања во евангелијата можат да се објаснат или намалат со одредено познаво на околностите или едноставно со размислување со отворен ум“.
Др. Вилијам Лејн Крег е американски филозоф и христијански теолог. Предавал на Теолошката школа во Талбот и на Баптистичкиот универзитет во Хјустон.