Демонстрантите кои се собраа пред зградата на Претседателството на Србија од каде Алкександар Вучиќ треба да и се обрати на јавноста ја пробиле заштитната ограда поставена од полицијата и дошле пред службениот влез, пренесува Танјуг.
Протестот во еден дел се преселил пред во улицата „Српски владетели“.
Стигнале и припадниците на Жандармеријата, околу 15, непосредно пред Венецеот на Андриќ, обидувајќи се да влезат, но жандармите не им дозволиле, пишува Политика.
Демонстрантите извикувале: „Готов е“, „Уапесете го Вучиќ“, „Оливер Ивановиќ“.
Полицијата го блокира камионот на демонстрантите кој бил поставен пред полициската блокада.
Полиоцијата не дозвлува камионот да се приближи до Претседателството, а демонстрантите преговараат со полицијата, пренел Танјуг.