Подготвеноста за војна е најдоброто средство за одржување на мирот, изјави новиот шеф на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, на отворањето на денешниот состанок на шефовите на одбранбените сили на пактот во седиштето на алијансата во Брисел.

-НАТО е решена да остане светилник на слободата, демократијата и владеењето на правото. Мирот и стабилноста не се загарантирани, а цената за нивно одржување е висока, но е неспоредлива со цената на војната, додаде тој.

Адмиралот Драгоне истакна дека на претстојниот самит на НАТО во Хаг за еден месец, алијансата ќе треба да разговара за главните прашања – подобрување на одвраќањето и одбранбените способности, проценка на можните закани, одржување на поддршката за Украина за да може земјата да преговара од позиција на сила.

-Ова бара ресурси, забележа адмиралот. Треба да инвестираме, а не само да трошиме повеќе. Ги охрабруваме сите да вложат дополнителни напори за да бидат подготвени за иднината. Вистинскиот војник не ја сака војната, туку толку многу го сака мирот што е подготвен да се бори за него, резимираше адмиралот Драгоне.

фото: ЕПА