Избраниците на селекторот Кире Лазаров ја започнаа играта во Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025.
Денешниот натпревар против репрезентацијата на Австрија, македонските ракометари го завршија со резултат 29:29.
Првото полувреме заврши нерешено, иако на два пати имавме по три голови предност.
Во второто полувреме, Австрија во втората половина речиси постојано беше водство, а ние ја бркавме негативата од еден гол. Австријците во нападот играа со седум играчи, без голман, а тренерот Лазаров и нашата екипа немаа решение за тоа, па од секој напад Австријците постигнуваа гол. За среќа, ние брзо враќавме.
Шанса да поведеме имавме на две минути пред крајот, кога пенал не искористи Кузмановски. Во следниот напад и Австрија доби удар од седум метри, а Дамбук го совлада Кизиќ за 28-27. Брзо одговоривме со одличен гол на Марко Митев за нерешено, ривалот пак тргна сво напад со седум играчи и на четири секунди пред крајот поведе со 29:28. Кире Лазаров свика тајм аут, но се чинеше дека се е изгубено.
Сепак, по свирежот на судиите за продолжување на играта, топката беше додадена до Кузмановски, тој шутираше од десет метри по средината на голот, а австрискиот голман со една чудно неспретна реакција не успеа да одбрани и во последната секунда тоа беше гол за нас и израмнување 29:29.
Со тоа од овој натпревар добиваме еден бод, иако Австрија играше во прилично ослабен состав што не беше доволно да извојуваме победа.
Марко Митев даде шест гола, пет гола даде Пешевски, четири Кузмановски, Џонов и Костески по три.