Повеќето граѓани на Србија, или барем оние кои се мобилни корисници, вечерва добија драматични СМС-пораки за состојбата со епидемијата на коронавирус во таа земја, пишува српски Данас.
– Ситуацијата е драматична. Се приближуваме кон црното сценарио од Италија и Шпанија. Ве молиме, останете дома. Кризен штаб за сузбивање на КОВИД-19 – тоа е пораката до голем број српски граѓани.
Денес 7 лица починаа од коронавирус во Србија, заразени се 115, а 23 лица починале во земјата од избувнувањето на епидемијата и 900 се заразени.
Новата информација беше објавена попладнево од директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести и член на Здравствениот персонал, д-р Горан Стевановиќ со предупредување за лошата перспектива. Тој на редовната прес-конференција со драматичен тон рече дека досега биле потврдени вкупно 23 смртни случаи на коронавирус во Србија, давајќи песимистички проценки за натамошниот развој на епидемиолошката состојба, што ја спореди со Италија и Шпанија.
– Ова е нашиот најлош ден за Србија, но се плашам дека не е најлошото што нè чека. Ова е резултат на непочитување на мерките што ги издадовме, иако ве молиме. Ако продолжиме да се однесуваме неодговорно кон себеси и кон другите, сценариото на Италија и Шпанија е се поблизу. Лесно ја сфативме опасноста од оваа болест – рече Стевановиќ, кој ја напушти прес-конференцијата демонстративно, без да одговори на прашањата на новинарите.