Во финалето на олимпискиот турнир во Токио ќе играат репрезентациите на Србија и Грција.
Бранителот на титулата од пред пет години во Рио де Женеиро, Србија, со пресврт во самата завршница ја совлада Шпанија со 10:9 и ја продолжи серијата олимписки медали, по бронзите во Пекинг 2008 и Лондон 2012, и златото во Рио 2016.
Србија почна одлично, поведе со 5:2, но потоа следеа две четвртини во кои играа и со по дваца играчи помалку и Шпанците направија пресцрт. Сепак во последната четвртина Србија успеа да се надмине себе си и да победи.
Во првото полуфинале, Грција го совлада европскиот првак Унгарија со 9:6 и за првпат во својата историја обезбеди олимписки медал во ватерполо.