Италијанската машка штафета на 4×100 метри сензационално го освои златниот медал на крајот од претпоследниот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Токио.

Лоренцо Пата, Марсел Јакобс, Есеоса Десалу и Филипи Торту ќе бидат запишани во италијанската олимписка историја како први освојувачи на златен медал во штафетната трка на 4×100 метри.

Италијанците дојдоа до златниот медал со една стотинка предност пред британската штафета и со време на нов италијански рекорд (37:50).

Бронзениот медал како и пред пет години во Рио де Женеиро го освои канадската штафета.