Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (35) на својот прв АТП турнир по враќањето од двомесечната пауза претрпе елиминација во Вашингтон, откако поуспешен од него во третото коло беше моментно 50-рангираниот играч во светот Лојд Харис од Јужна Африка со 6:4, 1:6, 6:4.

Надал немаше настап до турнирот во Вашингтон од поразот во полуфиналето на Ролан Гарос од Србинот Новак Ѓоковиќ. Шпанецот во второтo коло во американската престолнина се провлече против Американецот Џек Сок, но веќе во следното кол наиде на пречка.

Харис (24) во четвртфиналето за противник ќе го има јапонскиот тенисер Каи Нишикори.