Двајца дрски разбојници ги ограбиле Т.М. (74) и неговата сестра Д.М. (68), кои живеат во населбата Баштра, во близина на Босанска Крупа, во БиХ. Дрските разбојници биле толку бездушни што на 68-годишната жена и ја извадиле од уста и протезата на која имала два златни заба.
Рабојниците кои биле маскирани со фантомки провалиле во куќата завчера ноќта и потоа ги нападнале братот и сестрата, кои биле во куќата.
Според неофицијални информации, како што објавија тамошните медиуми, разбојниците и физички ги малтретирале братот и сестрата, и барале да им откријат каде им се скриени парите и други вредни предмети, а што жртвите под присила и сториле.
Според информациите кои за „Независен“ ги потврдиле од полицијата, украдени биле 3.500 боснаски марки, 800 евра, златно синџирче, златни обетки, а од раката на Д.М. извадиле два златни прстени и на крај од устата и ја извадиле забната протеза со два златни заба.