Комбинацијата од крвавата Месечеина и приближувањето на Марс до Земјата, на што бевме сведоци синоќа, носи опасност од пожари и други природни појави во следните месеци. Ова лето има опасна комбинација од три затемнувања од една страна и дузина ретроградни планети од друга, кои како Дамоклов меч се надвиснати над светот, коментира бугарскиот астролог Маргарира Паскалева за Телеграф.

Од астролошка гледна точка, космичката слика на денешниот ден е доста опасна, зашто имаме полна Месечина која се совпаѓа со ретроградниот Марс. Тоа носи тешки експлозии, катастрофи, убиства и пожари како тие во Грција“, анализира таа.

Паскалева појаснува дека затмнувањата дејствуваат врз нашите тела до десет дена пред настанувањето и неколку месеци по него.

„Марс кој се поврзува со огнени стихии, сега е максимално приближен до Земјата, што носи природни катаклизми“, истакнува Паскалева.

За јули, споре днејзе, критично днеови се 28 и 29, а за август критични денови се 4, 5, 8 и 11 (на 11 август е новолуние и делумно затемнување на Сонцето во Лав), 16, 21-24, 26 и 31.