Како и за голем дел од светот, така и за Дру Баримур, пандемијата и изолацијата донесоа повеќе промени во домот и во личниот живот.
Познатата глумица, имено, за августовскиот број на списанието „Ин-стајл“, раскажува како изминатиов период имала време повеќе да му се посвети на своето психофизичко здравје…
– Сега јадам навистина „чисти“ и здрави работи. Имам часови по пилатес барем четири дена во неделата. Морам да работам напорно за да не бидам голема колку автобус. И, тоа е добро. Ова е моето патување. Ова е моја карма, сподели таа со читателите.
Глумицата жали што го трошела своето време за сите други, освен за себе. Смета дека тоа што се свртела малку повеќе кон себе, ја направило и подобра мајка.
– Најмногу сум горда на моите две ќерки. Ништо друго од патешествието во мојот живот не личеше дотолку како дар за мене!, истакна Дру.
Таа има две деца со консултантот за уметност Вил Коплмен, со когошто се венчаа 2012., а се разведоа 2016 година.