Аирлија да ви е пазаро.

Аирлија да ви е радоста.
Аирлија да е севтето.
Аирот да и го видиш на стоката.
Ај и за свадба да пазариш (да викаш).
Аирлија да ви е радоста. – Амин брате, и на ваша куќа.
Аирлија да ти е полазо; од тебе севте, од Госпо бериќет.
Аирлија да ти е севтето!- Ајде така нека е, од мене сефте од Госпо бериќет.
Аирлија пазар, со пари аз’р. (На шака така се благошава кога да нема пазар).
Аирлија и за многу години да ни е коматов. Да ни е здрав и вековит домаќинот.
Аирлија да е, до година да му месеме комат!
Аирот да му видиш (на коња, на стоката и др.)

Ај в година Госпот да ве донесе со цело јагне. – На жена што на манастир однесла петел.
Ај Господ нека ми те блаосои, синко и ум и разум да ти даит.
Ајде аирлија, да се ќердосаат, сватството и родството да ни е довека. (На свршувачка).
Аирлија да ви е радоста, еднуш за век, да се ќердосаат, пак на помали да си исчекате. (На свршувачка)
Аирлија да ни е идењево, за век да ни е, за добро идење. (На свршувачка).
Ајде аирлија да ви е, ја на многу места сваќа сум месила, да видиме мене кој ќе ми месит. – Аир да имаш и ти да си исчекаш. (Благослови на свадба при месењето на сваќата – обреден леб).
Аирлија да ни је, да ни се вечни младоженците. (Благослов при пристигнувањето на сватовите во куќата на невестата).
Ајде да е аирлија, (вели продавачот кога ќе направи сефте, кога ќе ги земе парите од првиот купувач, при што ги пушта на земја.)

Ајде за многу години,
кај што помина чесен крст
да е чесно бериќетно,
кај се крмит да се плодит,
кај се орат да се родит,
по полето вино, жито,
по планина мед и млењко.
Господ да не чува од лошо,
да се ранат сиромаси,
сиромаси, сирачиња,
и в година д’ивчекаме. (Благослов на кумот на Водици)

Ајде да е живот и здравје. (Велат кога нешто за прв пат јадат, особено некаков плод,)
Ај како е Госпо не е никој. (Кога му се плачи еден на други, првиот гајрет му дава).
Ај да си ми блаосоен. (Овој блаосолов се дава и од поп и од мирјанин, кога му се прогори на попо некој убав збор, али да му се направи некоја шака, тогај тој ќе му речи:
– Ај да си ми блаосоен, бре чоече, што ме насмеа.

Другио блаослов се дава од попо кога ќе му рече мирјанино:
– Блаосој не, оче!
– Да си ми блаосоен, рисјанине!
Ај да ве однесе Господ на поголем град. (На лица што се враќаат од прошетка до некој близок град).

Ајде и на голема радос да исчекаме. (Во свршувачката кога да го свршат некое момче али мома, и ќе се врзат подолго време за свадбата, тогаш така ќе се блаошава.
– Ајде така да речи Госпо, да исчекаме и на ваши куќи! Ајде и на наши куќи да ни даи Госпо ваква радос, али и на ваши куќи!
Ајде нека ви е радоста аирлија, и еднаш страмно за веко, и здравица ви.
Ајде нека речи Госпо да сме здрави, та лесно ќе испостиме Великоите пости.
Ајде нека речи Госпо да сме здрави и живи и да дочекаме вакви дни и догодина.
Аирлија да му е (да ти е) р’ката.

Ај Боже поможе, среќан д’н нека е, Господ бериќет нека дава и нека ни е на помоќ. (Благослов на тргнување на орање при започнување на есенската работа.)
Ај Боже поможе, нека ни е л’сна работа и нека даде Бог да се роди бериќет. (Благослов на нивата при започнувањето на есенската сеидба.
Ај да се роди чисто жито како злато (сребро). (Благослов на започнување на есенската сеидба на нивата).
Ајрлија работа.
Ајр да имаш.
Ајр и бериќет да имаш.
Ајр да прајш (да чиниш).
Ако испаѓаш со срце, ќе те ослободи Госпот. (На човек кој оди во туѓина.)
Ако сака Госпо да го благослови бериќето, ако не врни па ни се стори. (Божи благослов кога да има и во снопо го умножуа)

Ако сака Госпо, сполај му, зимото лето го праи. Ако сме ние сиромаси, Госпо ни е богат.
Алаверс’н, алаверс’н. (Кога се вали некој со нешто оти има другио ќе му вели: Дај Боже, да имаш, дај Боже).
Алаверс’н јамур јас’н. (Да даеше Госпо дош да заврни). Кога го блаошава некој некого со некое добро да му даит Госпо, што не бидуат, тогаш ќе му речи таков блаосов.
Ама арен бериќет даде Госпо, сполај му нему. –У Бога се има, сполај му.
Ангело да ти седи на рамена и од лошо да те чуа.
Арно да видиш.
Арангел да ти поможит.

Арното те фатило (во вид на клетва се употребува овој благослов).
Аљ работаше пилето? – Работаше, дури по гората ја разлеваше. – Аљ го чувте? – Го чувме. – За многу години (да би го слушале). (Вака се прашајет и одговарајет помеѓу себе тије шчо одит на рашеток да го слушајет пилето (кукавицата) и тије шчо се враќајет од рашеток.)
Без Божја помош да не останеш.
Биди благословен.
Бериќет Бок ти дал.
Блазе оној што может да си проживит.
Бог да ве (му, ги) поживи. (На добри деца).
Бог да го наврти на добро.
На лош човек на кого се сомневаат да не направи некое зло.

Бог да го прости татка, што ни остави бапка.
Бог да го прости (на мртво или на задушница).
Бог да те милуе сос некое машко дете.
На женет што прави услуга на некоја стара жена.
Бог да те пази од зло начисто.
На човек кој зборува дека очекувал некое добро, а излегло зло.)
Бог да те пази од лоши комшии.
На човек кој се плачи од зли соседи.
Бог да те пази од ушурлија човек.

На човек кој се плаче од зол човек кој е и сакат. Од верувањето дека „ушурлија“ човек е „угурсуз“ човек.
Бог да те чува от исцрпан човек.
Бог да те (го) чува (човека) от куќен арамија.
Бог да те чува од лоша среќа.
На човек кој се жали дека го спопаднала несреќа.
Бог да ти даде едно девојче црнооко од дванајсе години.
На млад човек кој и напрвил услуга на стара жена.
Бог да ти наврти добра среќа.
На некој што го чести некого со ракија или кафе.
Бог да ти поживи децата.
На тој што дава милостиња на просјаци.

Бог да ти пази стоката.
Т.е. живата стока, говедата.
Бог да ти поможе.
На човек кој искажува некаква намера за некоја важна работа.
Бог да ти чува здравјето.
Бог милост да ви даде.
Бог да ми те оздравее.
На болен од нога кој се жали на стара жена. (Подготви Марко Китевски)