Дрвосечач од Беровско вчера бил тешко повреден откако врз него паднало стебло кое го сечел, а потоа итно префрлен во болница во Скопје каде што починал.

Како што соопшти МВР, вчера околу 12 часот на место викано Ормане – Царев Дол, атар на Берово, Г.Ѓ. (51) од Берово, кој бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син. Таму вршеле сеча на борови стебла, при што се здобил со повреди во пределот на главата.

Од страна на присутните му била пружена помош, по што со возило на Итна медицинска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Систина во Скопје, каде починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.