Мила Саздова од Работнички и Спасе Стојанов од Шихан-Струмица се победници во категоријата сениори/јуниори на 53. Државен шампионат во традиционално карате во кати одржан вчера во Скопје.

Во помалите возрасни категории најдобри беа: кадети: Мила Младеновска (Работнички) и Иван Пиеневски (Работнички); деца 12-13 години: Ангелина Симиџиоска (Фудош) и Филип Пасков (Шиган-Струмица)
деца 10-11 години: Матеј Мангаровски (Работнички); деца 8-9 години: Томи Ристов (Шихан), Камелија Недев (Работнички) и Лука Крстевски (Работнички).

На шампионатот учествуваа 76 натпреварувачи од 15 клубови.