Фудбалерот за врска на Милан, Сандро Тонали смета дека тимот треба да го врати својот ентузијазам по кој беше препознатлив до скоро време.

– Ние мора да работиме за да го разгориме нашиот ентузијазам што не водеше напред во текот на целата година. Треба да го вратиме што е можно побрзо. Работевме многу напорно во текот на изминатите неколку дена и докажавме дека можеме, го цитира Тонали „Скај Спорт Италија“.

Милан кој долго време беше лидер во Серија А, синоќа ја победи Рома на гостински терен со 2:1 и со вкупно 52 освоени бода е втор на табелата. Води Интер со 56 бода.