Најмалку 17 луѓе од различни националности загинаа, а повеќемина се повредени кога автобус удрил во сообраќаен знак покрај пат во Дубаи, јави Би-Би-Си.
Во возилото, кое припаѓа на автопревозничката компанија „Муасалат“ од Оман, имало 31 патник, а несреќата се случила на патот што го носи името на шеикот Мохамед бин Зајед.
Индиските власти соопштија дека меѓу загинатите има осуммина државјани на Индија и дека меѓу повредените има Индијци.
Засега нема податоци за националноста на останатите жртви.
Локалните медиуми пренесуваат дека возачот е повреден, а истрагата е во тек.
Компанијата „Муасалат“ ги прекина сите автобуски линии меѓу оманската престолнина Мускан и Дубаи во Обединетите арапски емирати.