Три кинески воени бродови со вооружени војници отпловија денеска од Сиднеј откако претходно влегоа во градското пристаниште без најава, што вознемири многу граѓани.

Странските агенции пренесуваат дека австралиската Влада не ги информирала граѓаните за доаѓањето на кинеските бродови, што се случило поради конкуренцијата на Австралија и Кина за влијание во Пацификот.

Австралискиот премиер Скот Морсон појасни дека „во прашање е реципрочна посета, бидејќи и австралиските бродови ја посетија Кина“ и дека тоа можеби било изненадување за другите, но не и за Владата.

Врските со Кина се ослабнати откако Австралија минатата година донесе закони со цел да се спречи кинеското влијание во спорното Јужно кинеско Море.

Бродовите пристигнаа на 30-годишнината од крвавото кинеско гушење на демонстрациите на плоштадот Тјананмен на 4 јуни 1989 година.