Запрепастен сум од сите разговори со Путин, што ги водат кацеларот Олаф Шолц и претседателот Емануел Макрон. Со тие разговори не се постигнува ништо, тврди полскиот претседател Анджеј Дуда за германскиот весник Билд.
За Дуда, разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, претставува вид на легитимизација на лицата одговорни за злосторствата што руската војска ги изврши во Украина“.
Самиот Путин е одговорен за испраќањето на својата војска во Украина, смета Дуда, додавајќи дека тој добива поддршка од неговите воени команданти.
– А дали некој вака разговарал со Адолф Хитлер за време на Втората светска војна? Дали некој кажал оти мора да се сочува образот? Дека работите мора да се направат на начин, со што, нема да се понижи Адолф Хитлер?, прашува полскиот претседател.