Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус, синоќа на домашен терен во дуел од 32. Коло, одигра нерешено 2:2 со третопласираната на табелата Аталанта.
Гостите од Бергамо два пати водеа, но нивна победа спречи Кристијано Роналдо со два гола од пенал.
За Аталанта стрелци беа Дуван Запата и Руслан Малиновски.
Јувентус со 76 бода е убедливо прв во пласманот во Серија А, втор е Лацио со 68, Аталанта има 67, Интер 65 и натпревар помалку.