Капитенот на Барселона, Лионел Меси, продолжува да испишува историја во Шпанското фудбалско првенство. Тој синоќа во натпреварот од 36.  коло против Ваљадолид беше асистент при постигнувањето на единствениот гол од страна на Артуро Видал, со кој Каталонците дојдоа до победата.

За Меси ова беше 20. асистенција во тековната сезона на Ла Лига. Аргентинецот исто така има 22 гола и стана првиот играч во историјата на шампионатот на Шпанија, кој успеа да постигне најмалку 20 гола во една сезона и да направи најмалку 20 асистенции.

Претходно, вакво достигнување имаше поранешниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри во сезоната 2002/2003. Французинот имаше 24 голови и 20 асистенции во Премиер лигата.