Во врска со огромната смрнтост од Ковид 19, Зоран Заев во вечерашната дебата со Мицкоски изјави дека тоа се должи на фактот што народот имал традиција доцна да оди на лекар, седел дома со висока температура од 3 до 5 дена, потоа вината ја најде во тоа дека 90 отсто од умрените имале по две хронични болести, дека 90 отсто биле над 60 години и најголемиот број од нив имале и срцеви проблеми.

Слично било и со младите кои починале.

Заев, и покрај тоа што сме први во Европа по смртност, а втори во светот после Перу, не најде вина во погрешното лечење, во непостоењето универзален протокол итн.