Споениот викенд од утре до понеделник ја испразни Македонија.

Голем број граѓани уште од попладнево се упатија кон граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница каде во моментов има најмногу гужва од сите премини низ државата.

Македонците масовно го користат убавото и топло време да го поминат на море во Грција.

За Задушница Македонија и Скопје очигледно ќе се испразни, а следен споен викенд ќе има дури во септември и тоа на Денот на државноста, 8 Септември.