ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака да се менува. Напротив, ги продлабочува етничките поделби, се вели во соопштението од ДУИ.

Во продолжение целото соопштение од партијата која две децении е на власт:

Последно од ВМРО, алудирајќи на правичната застапеност на Албанците, Мицкоски обвинува дека „лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја има државата на тацна и дека 100 луѓе од ДУИ одлучуваат за 2 милиони луѓе“.

Со овие обвинувања, Мицкоски покажува дека С. Македонија ја гледа само како држава на Македонците, а Албанците само како негови аргати,

Европскиот фронт му става до знаење на Мицкоски и неговите деривати дека С. Македонија е заедничка држава на сите, без разлика на етничката припадност, а вака ќе биде и по 24 април и 8 мај, кога Европскиот фронт ќе постигне длабока победа над партнерите на Мицкоски и оние што се престроени со Москва и Русија.

Албанците докажаа дека знаат да ја водат државата на најдобар начин, а тоа го докажуваат премиерот Талат Џафери и шефот на дипломатијата д-р Бујар Османи, воедно иден претседател на С. Македонија.

ДУИ