Артан Груби, во отсуство на лидерот Али Ахмети кој ја славел победата во Кичево, учествувал на состанокот на коалиционите партнери на СДСМ придружуван од министрите Бујар Османи и Фатмир Бесими.

Тие дале недвосмислена поддршка за коалицијата и за продолжување на реформската агенда на Владата.

-Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Зоран Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките, рече Груби.

Тој дообјасни дека ова се локални, а не парламентарни избори, дека добиле мандат да ја водат земјата на евроатлантскиот курс и дека сите сметаат дека само оваа влада може да ги реши проблемите со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата.