Последната одлука на министерот Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени Албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата. Фактите укажуваат на јасни елементи на спорен процес, и во процедурна и во материјална смисла, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално.

Според презентираните податоци:

– Дисциплинската постапка е спроведена надвор од законските рокови, што ја прави правно невалидна.
– Одлуката е донесена без доволни докази и без утврдување на индивидуална одговорност.
– Постојат сериозни индиции за накнадно конструирање на аргументи и оправдувања за веќе донесена одлука.
– Изречената мерка, престанок на работниот однос, е несразмерна во однос на наводите.

Овие се индикатори на еден опасен модел на одлучување.

Кога еден министер носи вакви одлуки:

– без почитување на законските рокови,
– без цврсти докази,
– и со сериозни последици за граѓаните,

тогаш станува збор за арбитрарност.

Фактот што се работи за петмина вработени албанци ја прави оваа состојба уште почувствителна и бара целосна транспарентност. Во министерство чија мисија се односите меѓу заедниците, секоја ваква постапка мора да биде над секое сомневање за пристрасност.

Демократската унија за интеграција бара:

– Целосно објавување на сите постапки и одлуки што довеле до овие отпуштања.
– Институционална истрага за почитувањето на законските процедури во овој случај.
– Итно преиспитување на одлуките, во согласност со законот и стандардите на јавната администрација.

Институциите не можат да функционираат врз селективни и правно неосновани одлуки. Секое отстапување од процедурите создава несигурност кај вработените и го нарушува довербата на граѓаните.

Овој случај треба да се третира како тест за сериозноста на институциите и за нивната посветеност кон принципите на еднаквост и законитост.

ДУИ

Фото: архива