Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи случувањата околу сомнежите за злоупотреби на Клиниката за онкологија, се вели во партиското соопштение.
Демократската унија за интеграција бара надлежните институции, особено обвинителството итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба над животот и здравјето на пациентите.
ДУИ целосно ја поддржува акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикува институциите да спроведуваат вакви истраги и во другите клиники и институции.
Овие тврдења вклучуваат луѓе инволвирани низ годините и меѓу администрацијата, затоа политичките партии треба да се држат настрана од истрагите и да не ги компромитираат, туку да ги поддржуваат без резерва.
Демократската унија за интеграција бара одговорните лица да излезат пред лицето на правдата и да не се злоупотребува за политички цели во време кога државата се наоѓа пред уште еден важен предизвик.
ДУИ, исто така, апелира да не се линчува целиот медицински персонал кој секојдневно е на должност и спасува животи.