Почитувани,

Како што знаете, Дебар беше општина која мораше да јаводи најтешката битка против КОВИД-19. Ние искусивме како е да си изолиран не само дома, туку и од остатокот на земјата. Но, со одговорно управување, со строго следење на препораките и ограничувањата и со помош на нашите медицински сестри, нашите лекари, невладини организации и на многу други лица кои бе ангажирани за обезбедување и снабдување со храна, лекови и други потребни производи, ја добивме оваа битка.Од 13 април, во Дебар нема веќе Корона, немаме ниту еден позитивен случај во нашата општина. Какоградоначалник сум горд и благодарен на сите што нè поддржуваа, а исто така и на нашите граѓани, кои мораа да бидат многу издржливи и покажаа многу трпеливост и одговорност.

Дисциплината, одговорноста и истрајноста се причините на нашиот успех во борбата против короната, но исто така и особено масовното и стратешкото тестирање. Како што рече вчера Али Ахмети, ние сме во војна против невидлив непријател. Дозволете ми да додадам, дека тестирањето е единствениот начин да се претвори овој непријател во видлив и успешно да се бориме против него.

Да, успешно го истераме вирусот од Дебар и од целата земја, и се чини дека го надминавме пикот. Сега е време да најдеме начин да се вратиме во нормалност. Сега сите зборуваат за укинување на ограничувањата, за повторното започнување на економијата и нашите социјални животи.

Кафулињата, баровите, рестораните и трговските центри ќе бидат повторно отворени наскоро, чекор по чекор се враќаме на нашата социјална рутина. Сето ова е важно и неопходно и јас како и секој граѓанин во оваа земја, сум многу среќен за тоа.

Но, исто така, сакам да истакнам многу јасно и експлицитно, дека не е време за еуфорија, не е време за брзање. Кризата и опасноста сè уште не се завршени. СОВИД-19 е сè уште тука. Затоа, треба да бидеме внимателни и одговорни – мора да ги следиме хигиенските препораки, треба да го задржиме социјалното дистанцирање до разумно ниво и ќе мора да измислиме нови, помеки мерки за замена на силните ограничувањата.

Но, најважната мерка е професионално и стратешко следење. Досега имаме направено 19739 тестови во Северна Македонија, со 1694 позитивни случаи. Дури и ако бројот на тестови во земјава се зголеми во текот на последните денови, тоа е поради тоа што ДУИ инсистира на оваа барање во Владата, и треба да продолжи со зголемување на бројот на тестови уште повеќе и веднаш. Ние треба да бидеме на врвот во регионот и меѓу најдобрите во Европа. Како идна членка на ЕУ, веќе мора да се однесуваме како земја-членка на ЕУ, или и подобро. Ова значи дека ние мора да го зголемиме барем трипати бројот на тестови по глава на жител и на неделно ниво. Како прв чекор, потребни се најмалку 500 тестови на ден, а потоа многу брзо да се достигне бројката од 750 тестови на ден.

Ако сакаме да се вратиме во нормалноста и да избегнеме друг бран, треба да бидеме сигурни дека секој што развива симптоми доаѓа веднаш на тестирање. За вирусот има многу да се каже, но едно е познато и докажано ширум светот, зголемувањето на бројот на тестови е најефикасниот начин за изолирање на пациентите и спречување на проширувањето.

Исто така, треба да имаме сериозна стратегија за тестирање, по успешните модели од европските земји. Тоа значи, дека не треба да ги тестираме само граѓаните со симптоми и лицата кои биле во контакт со заразените лица за да ги изолираме навреме и така да ги заштитиме останатите.

Целното тестирање, како што соопшти Министерството за здравство, е прв важен чекор. Но, исто така, треба редовно да тестираме репрезентативен примерок од населението, за да добиеме јасна слика за развојот на состојбата. И, ни требаат периодични примероци од фабриките и другите места, каде што многу луѓе работат заедно. Зголемување на тестовите базирајќи се сериозна стратегија – е клучно во борбата против вирусот, но и за укинувањето на ограничувањата и враќањето во нормалност што е можно поскоро. Професионалното следење треба да се комбинира со хигиенски мерки и само-одговорност за да се спречи ново проширување по укинувањето на ограничувањата. Тоа е единствениот начин да ги заштитиме нашите граѓани и економијата. Никој не би имал корист од укинување на ограничувањата, доколку дојде до друго избувнување и ќе мораме повторно да затвориме сè. Затоа, масовното тестирање е единствениот начин за скоро враќање во секојдневната животна рутина. Тестирање, тестирање, тестирање – ова е тоа што е потребно за да ги олесниме ограничувањата што е можно поскоро, и да се вратиме во нормала без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани.

Преставникот на Демократската унија за интеграција и градоначалник на Општина Дебар, Хекуран Дука