Вирологот д-р Ана Глигиќ во интервју за телевизијата Н1 објаснува зошто смета дека вирусот слабее и од што зависи дали ќе има втор бран.

Д-р Глигиќ прва го изолира марбург-вирусот, еден од најопасните во светот, била шефица на Националната лабораторија за време на епидемијата на вариола вера во СФРЈ и предизвика големо внимание кај јавноста кога зборуваше за Н1 за ковид 19 во средината на март.


Глигиќ уште кога епидемијата во Србија беше во својот пик рече дека пред крајот на првата половина на мај ќе можеме во кафуле да испиеме пијачка, што тогаш делуваше неверојатно.

„Искуството со работа на природножаришните вирусни инфекции ми покажа многу работи и многу законитости во вирусологијата. Понекогаш може да се утне, но сепак правилото останува. Работејќи на конго-кримската хеморагична треска, една од опасните, која се наоѓа на листата на биолошко оружје, ние видовме дека вирусот со пасажирањето (пренесувањето) низ луѓето слабее, зашто човекот за сите овие природножаришни вируси не е посакуваниот супстрат. Тоа е супстрат на кој тој ќе умре, односно ќе заврши. Вирусот со пасажирањето слабее и ние велиме тој се нашол во слепа улица и тука завршува.

Вие никогаш не сте чуле дека некој од овие вируси инфицирал животно“, вели Глигиќ.

Ние со одредени мерки ја намаливме можноста за пренесување на вирусот од човек на човек, меѓутоа можевме ние да ги земеме кои било мерки, ако вирусот наидеше на тло каде што добива на вируленција ќе беше попусто…

Зашто ние во лабораторија бараме клеточни системи, на кои ќе го испитуваме вирусот. Таму каде што вирусот добива на вируленција. Значи мораме слабиот вирус од човекот, кој го произведува да кажеме менингитисот или менингоенцфалитисот, ние да им го дадеме на одреден вид клетки, но бараме клетки во кои вирусот секојпат низ пасажот ќе биде појак.

Меѓутоа, кога правиме вакцина, или она што се случува кај природна инфекција, секојпат на одреден супстрат… човекот не е погоден за размножување на вирусите од природножаришната група, тој слабее. Тоа не се клетки што тој ги сака.“

На прашањето колку уште време ќе му биде потребно да ослаби, Глигиќ одговара: „Сега е готово. Ќе има само џебови. Тој го најде својот пат и доволно ослабе. Некаде уште ќе има џебови, кога ќе наиде на личност со нарушен имунитет, па таа ќе го пренесе вирусот, и единствено така може уште да трае, но епидемијата заврши. Сега треба само уште одредени договори и следење, неколку дена, два-три дена за и пандемијата и епидемијата веројатно да се прогласат за готови.“

Кај природножаришните вирусни инфекции“, вели угледната докторка, „вие цела година ќе имате поединечни случаи. Е сега, постои ваква ситуација. И толкувања на кинеските научници. Ако вирусот навистина се создал во Кина, со трансмедијален пренос преку мравојадот, и тоа некој мравојад што дошол од друга средина, не кинески мравојад, тој е скоро истребен иако е под заштита на државата, туку тие сега увезле некој друг мравојад, кој живее во истите станишта со овој, и тој се разболел од коронавирусот. Имал респираторна тешка инфекција, но преживеал, и него го размножуваат заради економска добивка.

Е сега, ако тоа се случило, тогаш ние не мора да стравуваме дека ќе бидеме бустирани со некој коронавирус од природата во Европа. Освен преку Кина.

Но ако вирусот настанал како мутант од лилјаци преку некој интермедијален преносител, тогаш може да ни се случи да имаме секоја година и тој да стане сезонски грип.

Ова беше добро сега Кинезите што го објавија, ако тоа беше нешто нивно автохтоно, тоа таму и ќе завршеше, немаше веќе да има пренесувања како што е сега. Меѓутоа, познато е дека лилјаците, кои ги има 1.400 вида во светот, се резервоари на многу вирусни болести, меѓу нив и коронавирусот, така што тоа е мошне проблематично како тоа ќе изгледа, кај нас има 35 вида, ние немаме никакви сопствени испитувања за да кажеме дека нашите лилјаци го носат коронавирусот, но имаме една многу важна работа што не смееме да ја заборавиме – лилјаците се заштитени со закон затоа што тие се најдобрите пестициди во светот. Тие преку ноќ, тие се ноќни ловци, тие изедуваат милиони комарци, кои исто така се носители на разни заразни болести, како западнонилската треска, денгата, од која умираат илјадници годишно. И сега.“

„Кога вирусот ќе влезе во човекот, секој човек реагира на друг начин. Некој покажува тешка клиничка слика, затоа затоа на респираторни апарати имаме луѓе од исто годиште и иста коиндиција, а едниов оди на апарат, а другиот преживува“, вели Глигиќ.

Српската докторка не очекува втор бран.

„Јас не очекувам втор бран, можам вака смело да кажам. Затоа што сепак е создаден еден колективен имунитет, второ, народот се научи да се пази, ќе имаме само џебови и поединечни случаи, ова ќе се смири. Ова веќе е крај… Вирусот ослабе. Вирусот ослабе до таа мера што над 50 отсто од тие што и го примиле вирусот нема да се јават на лекар.“