Џејмс ТАБОР

(авторот е библиски научник и професор по антички јудаизам и рано христијанство на Катедрата за религиозни студии на Универзитетот во Северна Каролина во Шарлот, каде што предава од 1989 година и служел како претседавач од 2004 до 2014 година)

Прво и најважно, нашиот најдобар доказ од Ерусалим е од гробница откриена во 1968 година северно од Стариот град во близина на патот Набалис. Содржи скелетни остатоци од распната жртва.

Неговото име беше Јехоханан, инаку непознат за нас во однос на тоа кој би можел да биде. Тоа е прилично вообичаено име во тоа време. Но, во неговата коска на стапалото, која би била тука низ петицата (ова е модел, ова е она што всушност беше откриено и спасено), а еве го вистинското, ова се модели, и ете, испадна дека клинецот за распнување (а еве пример како изгледаше една од нив) бил забоден низ петицата, а не во предниот дел на стапалото како што многумина мислеа со векови.

Затоа што кога читаме во евангелијата за закованите раце и нозе на Исус, уметниците замислуваа клинец како некако минува низ двете стапала заедно или нешто слично. Па дури и ова (покажува на слика за нозете), не сум сигурен дали е точно, и сега знаеме дека и ова не е точно (покажува на слика за рацете).

Клинците не биле во зглобовите на рацете. Со години при предавање на курсевите за Исус и справувањето со археологијата, ги учев студентите, знаев за коската на петата, но не знаев за рацете. И сега знаеме и за рацете и јас имав впечаток, а бев научен на постдипломски студии, дека клинците на рацете се ставаат низ зглобовите помеѓу палечната и лакотната коска бидејќи така може да ја издржи тежината на телото.

Но, всушност, излегува дека тоа не е точно. Но, зошто коската на петата? Бидејќи нема крвни садови, и ако забодете клинец низ стапалата, ќе имате само огромно крварење. Човекот би се онесвестил многу, многу брзо од загуба на крв. И тогаш целата поента на распнувањето, а тоа е да се продолжи страдањето на жртвата неколку дена, ќе биде завршена за само неколку минути поради тоа што човекот ќе искрвари до смрт.

И така ова ни го разјасни тоа. Веројатно така е направено. Но, што се однесува до рацете, рацете мислиме дека биле врзани, за да ја носат тежината, а јажињата можеби биле повеќе овде горе (овој цртеж можеби не е точен), а потоа рацете биле позади вака и биле забодени со овие мали клинци (ова е од друга распната жртва; тој всушност ни е познат и идентификуван како Антигон или Матијас, кој беше последниот од Хасмонејските кралеви, а Марко Антониј, откако Херод го порази, нареди да го распнат и потоа д аго обезглават), и во неговата коска на раката (ова е дел од неговата коска на раката, ова е неговата вилица, земавме ДНК од вилицата, но ова е всушност дел од раката), гледате како се уште се држат клинците во раката токму тука.

И така, ова беше само за да се фиксираат рацете за да не можете да се движите напред-назад, и вашите раце да бидат позади околу крстот. И така, ова се клинци кои беа ставени во раката. И така, имаме подобра претстава за тоа како некој како Исус би бил распнат. Тоа е ужасна работа дури и да се размислува за: дехидрација, замор, шок, губење на крв. А во случајот со Исус, да биде камшикуван, тепан и камшикуван и цела ноќ буден под некаква мачна ситуација, во најмала рака, не е изненадување, тоа, што тој ќе умре прилично брзо.