Охрабрете се да започнеме меѓународно мониториран ветинг за секој политичар, се истакнува во денешното соопштение од ДУИ, партија која две децении беше на власт, а сега тешко и паѓаат неколкуте месеци во опозиција.
Во продолжение целото соопштение:
Деновите поминуваат, а партиите од моноетничката влада, исплашени од барањето на ДУИ да иницира меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години, останаа неми и се обидуваат да ја одвлечат темата со бесмислени соопштенија.
Ајде, веднаш да почнеме секој од политичарите да го приложи имотот и минатото пред меѓународна комисија за мониторинг за ветинг.
Додека тоа не го направите, вие сте само измамници кои се обидуваат да го крадат народот под слоганот „Фатете го крадецот“.
ДУИ