Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониторира ветинг, се истакнува во неденшното соопштение на опозициската ДУИ која две децении бешена власт, а сега е заменета со други партии на Албанците во власта на Република Македонија.
Во продолжение целото соопштение од Мала Речица:
Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија.
Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност конборбата против корупцијата.
Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години.
Овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правдаи доверливост.
Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање на сопствената корупција.
ДУИ