Демократската Унија за Интеграција изразува сериозна загриженост за погрешниот правец во кои Власта ја води државата, за што граѓаните сѐ погласно бараат ново политичко преиспитување.

По клучните прашања од стратешки интерес, Власта се соочува со целосен пораз на приоритетите кои самата ги престави како државен интерес, што несомнено треба да резултира со предвремени парламентарни избори

Водени од популистичките мотиви во пресрет на претстојните локални избори, Власта целосно го отстрани Европското досие на земјата и можноста за продолжување на преговорите со ЕУ.

Во популистичките емотивни настапи, Премиерот не само што ја отфрла можноста за дополнување на Уставот со внесување на неколку малцинства, туку јавно се фали и го посочува како највисок политички успех на земјата изигрувањето серија од „Ерга омнес“ обврскитете кои произлегуваат од Стратешките договор со Грција или Преспанскиот договор.

Тоа само укажува дека јавниот притисок што го создаваат изборите целосно ја оттргнаа оваа Влада од Европското досие, или како што самите го нарекоа „Приоритето број еден“.

Власта со своите постапки ги прави сите напори за дерогирање на механизмите кои прозлегуваат од Охридскиот рамковен договор, што, пак, претставува сериозно наручување на мултиетничкиот карактер на државата – најсилниот и најважен темел на долгорочната стабилност и просперитет.

Недостатокот од преговори, во исто време ѝ овозможи на Власта целосно да го зароби правосудниот систем, да го стави во лична и партиска фунција, и на јавна сцена да ја демонстрира дисциплина и надвластување и врз Јавното обвинителство, и врз Судската власт.

Оваа неприродна состојба создава јасна и недвосмислена потреба кај граѓаните за политичко преиспитување на Власта.

На државата ѝ е потребна долгорочна политичка стабилност што единствено може да се обезбеди преку одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Тоа ќе создаде и простори без изборно соочување од неколку години, што ќе им овозможи на политичките елити да влезат во суштински политички процес за спас не европското досие на земјата и фаќање на последната можност за приклучок назад на европскиот пат заедно со Албанија и Црна Гора.

ДУИ

Фото: архива