Од победничкиот Европски фронт не стравува само албанската опозиција, туку и Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, истакнува во денешното соопштение владејачката ДУИ.

Во продолжение целото соопштение:

Лидерот на македонската опозиција, истовремено и шеф на таканаречената коалиција “Вреди”, Христијан Мицкоски, чувствувајќи дека неговите албански партнери ќе претрпат тежок пораз на 24-ти април и 8 -ми мај, изјавил дека коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ нема да успее.

Наместо истиот да понуди конкретна изборна програма, опозицијата, обединета со диригeнти на Путинова Москва, избра да ја клеветат и навредуваат коалицијата “Европски фронт”.

Ова го кажа и самиот партнер на Мицкоски, Изет Меџити, чија грижа беше дека „ниту една македонска партија не ја сака ДУИ“.

Демократската унија за интеграција им става до знаење и на Мицкоски и албанската опозиција дека како и досега, за победникот во албанскиот блок одлучуваат само гласачите Албанци, а никако Мицкоски, Павле Трајанов или Кремљ.

Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите со „+20 пратеници“ и идната Влада несомнено ќе го продолжи европскиот пат на земјата.

Го потсетуваме Мицкоски дека Северна Македонија денеска е предводена од премиер Албанец, Талат Џафери, а дипломатијата ја води министерот Бујар Османи, идниот претседател на државата.

Обидите за дефокусирање на вниманието ќе останат само обиди и ништо друго, а ќе бидат заборавени по 8- ми мај, кога ДУИ и коалициските партнери на „ДА за Европа, НЕ за Русија“, ќе објават уште една убедлива победа.

ДУИ