Демократската унија за интеграција со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир, се истакнува во денешното соопштение од владејачката ДУИ.
Во продолжение целото соопштение:
Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми “Бауер БГ ДОО“ и “ЕнергоИнвест Трејд“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова.
Според информациите, општина Чаир со компанијата „Бауер БГ“ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот “Скендербег“ во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра.
Ги повикуваме надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот.
Демократска унија за интеграција