Демократската унија за интеграција го осудува отворениот обид на ВРЕДИ да ги измами граѓаните и пратениците со партиски кандидати за членови на Советот на обвинители.

Партијата која две децении беше на власт и вршеше партизација на судството со свои кадри, сега ги обвинува за партизација своите партиски ривали. Во продолжение целото соопштение од ДУИ:

За Ардијан Демир приложените фотографии се најмал доказ за неговото политичко-партиско делување во Демократското движење на Изет Меџит.

Сите јавни настапи на Демири го прават недостоен да носи толку важна функција.

Додека другиот кандидат, исто така член и поддржувач на Вреди, Ведат Салихи, не ги исполнува условите за работен стаж согласно законот и по завршувањето на конкурсот достави дополнителни документи.

Вреди не го интересира ниту Европа, ниту владеењето на правото, ниту реформите, туку само партизацијата на судството и институциите за да им служи на нивните коруптивни апетити.

ДУИ ги алармираше пратениците, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница за начинот на размислување на челниците на Вреди да ги партизираат судството и обвинителството со партиски експоненти.

„Заробената држава“ никогаш не треба да се повтори и ја повикуваме Европската Унија да и реагира на власта без етнички легитимитет и собранието за овие постапки кои нè оддалечуваат од Европа и европските вредности.

ДУИ