Неприфатливо е долгото чекање реагира ДУИ во врска со редиците на граничниот премин Блаце.
– Зад ова стои план да се обесхрабрат силните и блиски братски врски меѓу Албанците од Косово и С. Македонија! Слободното движење е право и потреба на албанскиот народ од двете страни на границата, наведува ДУИ во своето соопштение, а го пренесе ТВ 21.
Во соопштението на партијата на Али Ахмети кое го објави ТВ 21 натаму се додава:
-По многу години, Албанците за прв пат размислуваат двапати дали вреди да одат на ручек во Косово, или да ги посетат семејството и пријателите. Долгите и неприфатливи чекања на граничниот премин меѓу С. Македонија и Косово создадоа голема пречка за слободното движење на луѓето. Сега станаа недостапни Скопје и Приштина, двата главни града меѓусебно најблиски во регионот со патување за помалку од еден час, се вели во соопштението.
Натаму, како што пренесе ТВ 21, се додава:
-Зад оваа ситуација постои план за забавување на комуникацијата и соработката меѓу двете страни на границата. Доцнењата се намерни и имаат за цел да ги обесхрабрат силните и блиски врски меѓу двете држави, особено меѓу Албанците. Ова наликува како обид да се спроведе влијанието на „Српскиот свет“, кој веќе ја зафати оваа власт. Партии со еден процент поддршка станаа соработници на оваа политика. Време е граѓаните и институциите да реагираат кон оваа вештачка пречка, која им наштетува на нашите братски односи и го кочи општествениот, економскиот и културниот развој меѓу Албанците. Слободното движење е право, но и потреба на албанскиот народ од двете страни на границата, велат од ДУИ.
ДУИ, откако не е на власт, очигледно е дека и недостига внимание од јавноста. И по секоја цена од се прави проблем за да ги подигне меѓуетничките тензии меѓу Албанците и Македонците. Дури и со вакви апсурдни тврдења, како во ова соопштение. На власт беа две децении, а за 6-те последни години изградија само 2 км од автопатот кон Косово и потрошија 24 милиони евра, а сега „тагуваат“ оти „2 пати требало да мислат дали да тргнат на ручек во Косово“.
Фото: Архива