Во време кога насловните страници на вестите известуваат за трагичната смрт на 20 деца за само шест месеци во Детската клиника во Скопје, раководството на оваа клиника избира да објавува фотографии од предновогодишни прослави финансирани од буџетски средства, прогласувајќи ја годината за „успешна“.

Ова се истакнува во денешното соопштение на опозициската ДУИ, која две децении беше на власт, а меѓу останатите ресори со свои министри и други функционери и во здравството. Партијата чии функционери играа фудбал и баскет во министерските кабинети, сега е загрижена за здравјето на децата и возрасните. Во продолжение целото соопштение:

Ова е тежок удар за семејствата кои ги загубија своите деца и за граѓаните кои очекуваат чувствителност и одговорност од здравствените институции.

Но, скандалот не завршува тука.

Наместо да преземе конкретни чекори за решавање на оваа криза, министерот за здравство се впушта во партиски маневри која партија ќе доминира внатре во Вреди.

Оваа комбинација на неодговорност и рамнодушност е неприфатлива.

Време е за оставки, за сериозни истраги и за враќање на одговорноста во нашиот здравствен систем.

ДУИ нема да молчи пред оваа криза, која ја извади на виделина моралната и институционалната деградација на актуелната власт.

Додека тие си го честитаат крајот на годината еден со друг, родителите се молат нивните деца да не се разболат и да не паднат во нивни раце.

Демократска унија за интеграција – ДУИ