ДУИ го поздравува започнувањето на работите на белгиската компанија во Кичево, која положи камен-темелник во април 2024 година, додека договорот за инвестицијата беше потпишан во мај 2023 година од страна на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.
Ова се истакнува во соопштението од опозициската ДУИ, кое го објавуваме во целост.
Оваа инвестиција е продолжение на напорите на претходната влада за привлекување инвеститори и промовирање на економски развој во регионот и отворање нови работни места.
Но, жално е што актуелната Влада, без легитимитет, ја манипулира и фалсификува вистината за странските инвестиции. Владата на премиерот Мицкоски ги презентира како свои успехи инвестициите што беа подготвени, потпишани и договорени од претходната влада на ДУИ.
Презентирањето на овие инвестиции како достигнувања на актуелната влада е лага која ги навредува граѓаните и покажува дека оваа влада е подготвена да манипулира за да ги покрие неуспесите и неспособноста.
Актуелната влада не успеа во овие 6 месеци да промовира ниту една визија, идеја или проект за развој на земјата, туку беше фокусирана само на манипулирање со поделбите, конфликтите и поларизацијата за политички придобивки на краток рок. Користењето на политиката како инструмент за прикривање на неуспесите, ја оштетува иднината на земјата и го прави општеството уште повеќе поделено.
ДУИ
Фото: Архива