Демократската унија за интеграција денес излегува со конкретни податоци и детална анализа во врска со неинтервенирањето на Владата пред драматичниот раст на цените на нафтените деривати, се вели во соопштението на ДУИ од денешната прес-конференција на Имране Велиу Алиу, што МИА го пренесува интегрално.

Врз основа на годишната, месечната и дневната потрошувачка во С. Македонија, произлегува дека потрошувачката на нафтени деривати за транспорт изнесува околу 720.000 тони годишно, односно:
• Месечна потрошувачка: 60.000 тони (60 милиони литри)
• Неделна потрошувачка: 15.000 тони (15 милиони литри)
• Дневна потрошувачка: 2.000 тони (2 милиони литри)

Неинтервенирањето на Владата им чини на граѓаните и бизнисите околу 685.000 евра дневно, односно над 5,15 милиони евра неделно.

Само во последните две недели, граѓаните платиле над 10 милиони евра повеќе за нафтени деривати.

Зголемувањето на цените од 21 денар по литар директно ги погоди граѓаните кои патуваат кон Скопје:
• Граѓаните на Тетово: околу 600 евра повеќе годишно по лице
• Граѓаните на Гостивар: околу 780 евра повеќе годишно по лице
• Граѓаните на Куманово: околу 579 евра повеќе годишно по лице

Овие се алармантни бројки кои директно го оптоваруваат семејниот буџет и го влошуваат животниот стандард на граѓаните.

Затоа, бараме итни мерки од Владата за заштита на граѓаните и економијата од овој неподнослив товар.

ДУИ

Фото: Архива