Еве како манипулираат со вас. Пред една година, на сите ѕвона беше објавено дека како рзултат на умната политика на Зоран Заев и неговата Влада, пред се поради смена на името на државата и на се што е поврзано со придавката изведена од името Македонија, лично германската канцеларка Ангела Мркел праќа економски советник кој треба да му помогне на лидерот наСДСМ и тогашен премиер.
Така, народот дозна дека сега под германска советничка палка, ќе застане на прав пат и дека наскоро ќе почне да живее со германски стандард. Така што, жртвата со името, ете се исплатела.
Денес, една година подоцна, истиот тој Заев бара сите заедно да ја пополниме дупката од 1,2 милијарди евра во буџетот што тој и неговите не се способни да го сторат. Неговиот доскорешен вицепремер, Анѓушев, бара две милијарди евра, а Нина Групер засега ја нема да објасни како тоа на 4 март тврдеше дека буџетот е во одлична кондиција за да се справи со „шокот од корона вирусот“.