Како што можете да видите од графиконот, храната и безалкохолните пијалоци во последните три години поскапале за фрапантни 45,7 отсто, што дава приказ за општата сиромаштија што во овој момент владее во Македонија.
Домувањето, вода, електрика гас и други горива поскапеле за 32,3 отсто, ставката ресторани и други услуги бележи поскапување од 41,5 отсто, мебелот и другата покуќнина 27,4 отсто, а најмалку поскапеле комуникациите за 0,7 отсто. Просечното ниво на поскапување е 33 отсто, што ја урива владината пропаганда за ниската инфлација која, наводно, сега изнесува само 6 отсто.