Познатиот македонски оперски пејач Игор Дурловски објави ироничен коментар во врска со последната објава на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која за првпат на својот профил на Фејсбук го објави името Македонија без придавката за која и таа беше „кума“.
– Секое некористење на придавката северна во името го поздравувам макар било и од кумовите на истото. Само Македонија, објави Дурловски на Фејсбук.
Заедно со коментарот е пренесена и објавата од Шекеринска на Фејсбук во која таа пишува за „Македонија без северна“.