Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски вечерва настапува во Македонската опера, а како што објави, настапот го посветува на македонските политички затвореници.

– Вечерашниов мој настап на гала концертот во македонската опера и балет го посветувам на политичките затвореници во Македонија, објави Дурловски на својот профил на Фејсбук.

Под објавата го додава хаштагот #НеИгнорирај! А на фотографијата што ја објавува држи порака на која пишува: „Во Македонија има политички затвореници, не игнорирај“!

И овој истакнат македонски уметник, кога почна хајката на се уште актулната власт во Република Македонија, беше на удар поради неговите нескриени патриотски погледи на тоа што се случуваше. И Дурловски беше жртва на политичкиот прогон што го почна гарнитурата на Зоран Заев, по неговото доаѓање на власт во Македонија.

(Д.Г.)